Во Србија годинава се регистрирани 29 смртни случаи од западнонилска треска, а регистрирани се 286 заболени. Само минатата недела починаа четири лица.
Институтот за јавно здравје на Србија објави дека најголем број заболени има во Белград.
Од земјите од регионот, вирусот е регистриран и во Хрватска, БиХ и Словенија.
Вирусот западнонилска треска е сезонска болест и се пренесува од заразени комарци.
Во земјите на Европската Унија досега се регистрирани 798 случаи на западнонилска треска, и повеќето пациенти се во Италија или 327 заболени лица, додека во Грција има регистрирано 168 случаи, а во Унгарија 134.

Досега 44 лица починаа во ЕУ, од нив 18 во Грција, 13 во Италија и 12 во Романија. Во Србија вирусот за првпат бил регистриран во 2012 година.