Заменик министерот за здравство Андовски на министерски состанок во Кишињев

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денеска присуствува на четвртиот министерски состанок на министрите за здравство на Југоисточна Европа, кој се одржува во Кишињев, Република Молдавија од 3 до 4 април 2017 година, на покана на Роксанда Главан, министер за здравство на Република Молдавија и претседавач на здравствената мрежа на Југоисточна Европа и д-р Сузана Јакаб, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

На состанокот присуствуваат високи претставници на владите во регионот на Југоисточна Европа и пошироко. Темата на четвртиот министерски состанок е „Унапредување и благосостојба на здравјето во Југоисточна Европа 2030“, во насока на воведување заеднички субрегионални и национални активности во регионот на Југоисточна Европа за спроведување и остварување на целите за одржлив развој на Обединетите нации, со цел унапредување на здравјето, како и унапредување на еднаквоста и одговорноста во здравствените системи.
Темите за дискусија опфаќаат состојба и предизвици на незаразните болести, универзални здравствени услуги, прекугранично јавно здравство, итни случаи и миграција, како и заеднички напори за решавање на прашањата поврзани со социо-економските детерминанти на здравјето.

Во рамки на четвртиот министерски состанок ќе се разгледува ефикасноста на здравствената мрежа на Југоисточна Европа во изминатите 15 години, како и националните капацитети, во насока на идентификување можности за идна соработка.

Регионалната соработка за јавно здравје беше формализирана кога министрите за здравство на земјите членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, едногласно ги усвоија Повелбата во Дубровник, во Скопје и во Бања Лука за нивната посветеност кон зедничките интереси за унапредување на здравјето на регионално ниво.

На маргините на четвртиот министерски состанок, заменик министерот Андовски ќе оствари повеќе билатерални средби.

андовскијиеминистерскипопуларносостанок