Заменете го месото со печурки и губете килограми!

Печурките уште се нарекуваат „месо за вегетаријанци“ и тие се идеална замена за месото, особено доколку сакате да ослабете на здрав начин. Печурките се состојат од протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а имаат многу малку калории – 150 грама шампињони содржат само 30 калории. Оваа диета ќе ви помогне да го подобрите вашиот изглед, бидејќи печурките содржат витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои се одлични за кожата, косата и ноктите.

Диетата со печурки трае 5 недели, а за ова време можете да изгубите околу 5 килограми. Не треба да внесувате дневно повеќе од 1.550 калории, а покрај печурките диетата содржи и 5 порции овошје и зеленчук и половина литар млеко за да му обезбедите на организмот доволна количина хранливи материи. Се препорачува за еден оброк да изедете околу 250-300 грама свежи печурки.

Целта на оваа диета е да го замените месото со печурки секогаш кога ќе имате можност за тоа. На пример, подгответе ориз со печурки, испечете печурки на жар како предјадење, наместо мелено месо за шпагети користете исечкани печурки, направете вкусен гулаш со печурки или пита. На Интернет можете да пронајдете многу рецепти за вкусни оброци со печурки.

диетапечуркипопуларнослабеење