Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Исто така има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци, тврдат невладини организации кои ја следат оваа проблематика.
Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Невладините велат, состојбата е алармантна.
Надлежните апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете.