Повеќе од 2 милијарди возрасни луѓе и деца на глобално ниво имаат прекумерна тежина или се дебели и страдаат од здравствени проблеми поради нивната тежина, покажа нова студија.
Ова значи дека една третина од светската популација има вишок тежина, предизвикана од урбанизацијата, лошата исхрана и намалената физичка активност.
САД има најголем процент на дебели деца и млади луѓе, или 13 отсто, додека Египет води во однос на дебелината кај возрасните, со речиси 35 отсто, меѓу 195-те земји и територии вклучени во студијата.
Додека 2,2 милијарди луѓе биле дебели или со прекумерна тежина во 2015 година, повеќе од 710 милиони од нив се класифицирани како дебели, со 5 отсто од сите деца и 12 отсто од возрасните кои се вклопуваат во оваа категорија.
Зголемен е бројот на смртни случаи на глобално ниво, предизвикани од здравствени проблеми поврзани со прекумерната тежина, како што се кардиоваскуларни болести, се вели во студијата, објавена вчера во медицинскиот весник во Нова Англија.
Речиси 40 отсто од четири милиони луѓе умираат како резултат на нивниот повисок индекс на телесна маса иако се уште не се сметаат за дебели, истакнувајќи дека смртните случаи се случуваат речиси толку често кај оние кои имаат прекумерна тежина, како кај оние што се сметаат за дебели.
Индексот на телесна маса е односот помеѓу тежината и висината на лицето; ИТМ (BMI) од 25 до 29,9 се смета за прекумерна тежина, додека нешто повеќе од 30 се смета за дебелина.