Сигурно црвениот пипер го користите во кујната за правење на омилените јадења, но веројатно не знаете дека може да ви годи и за здравствената состојба. Зачинот од црвен пипер може да ви служи како лек, а и припаѓа на истата група билки како компирите и доматите.
Многу истражувања покажале дека содржи многу „здравје за себе“ и лековити предности, а најчесто се користи за превенција од срцев удар. Освен тоа, црвениот пипер може да се користи и за запирање на крварењето, пишува „Worldhealthinfo”.
Црвениот пипер содржи витамини А и Ц, каротеноиди и антиоксиданти.