Зачин место апчиња против болки

Науката потврди и покажа дека е зачин вреден колку злато

Наместо на првите знаци на болка да посегнувате по апчиња, треба да посегнете по куркума, индиски зачин од семејството на ѓумбирот. За него и науката потврди и покажа дека е зачин вреден колку злато.

Со векови куркумата се користи како природен лек против болки, а клиничкото истражување спроведено на 109 пациенти кои страдале од остеоартритис на колено, го докажа тоа. Група пациенти добивале по 800 милиграми „ибупрофен“ секој ден во текот на шест недели. Други пациенти истовремено добивале по 2000 милиграми куркума.

Строго се следело нивото на физичка активност на двете групи на пациенти. Се покажа дека оние кои добивале кукрума имале подобри резултати и помало ниво на болки. Научниците исто така откриле и дека ибупрофенот е многу штетен за телото и дека многу внимателно треба да се консумира.

Куркумата можете да ја набавите во речиси секоја продавница.

болкизачинкоркума