ХИВ заразените речиси секогаш го пренесуваат вирусот
Со децении тоа беше вистина и затоа тој период се нарекуваше епидемија на вирусот. Меѓутоа, од 80-тите до денес медицината напредна до таа мера што пренесувањето на вирусот ХИВ е под контрола. Антиретровиралната терапија го намалува нивото на ХИВ во вашето тело поради што многу е мала можноста лицето кое редовно ја пие терапијата да зарзаи друга лице. „Иако ги поттикнуваме луѓето да користат заштита поради превенција од сексуално преносливи болести, ризикот од ХИВ е многу мал дури и ако пукне кондомот, истакнува д-р Маллвестуто, кој додадав дека пренесувањето не е невозможно и поради тоа треба да се биде посебно внимателен.
ХИВ го скратува животот
Ако лицето прима антиретровирална терапија и вирусот ХИВ се држи под контрола, тогаш ќе има ист животен век како и некој што нема вирус. Резултатите од неодамнешната студија покажаа дека луѓето кои почнале да пијат трерапија на време по една година веќе го повратиле својот имунолошки систем. Друго истражување наведува дека заразените со вирусот ХИВ ќивеат неколку месеци пократко од луѓето без вирус. Иако речиси да нема разлика, постои друг ризик – срцето. Имено, луѓето со вирусот ХИВ имаат двапати поголема можност од срцев удар. Д-р Малвестуто вели дека допрва ќе се утврдува точната причина за зголемените срцеви удари кај лицата заразени со ХИВ, но тоа е најверојатно поради хроничната инфекција на која телото е изложено – Нашите пациенти не умираат од СИДА, умираат од срцеви болести. Да, можеби ќе имаат пократок животен век поради тоа, но постојат многу нешта што можеме да ги направиме превентивно“.
Ако имате ХИВ пиете коктел лекови со несакании последици
И ова е точно, но ако го читате овој текст во 1995 година. Некогаш, тие кои го имале вирусот мораа да пијат коктел лекови кои навистина имаа ужасни нуспојави, посебно кога болеста напреднала до СИДА. Болки во мускулите, мачнина, повраќање и силни главоболки. И денес луѓето мора да пијат неколку лекови, зависно од фазата во која вирусот се наоѓа, поголемиот број пие само една таблета дневно, која нема никакви нуспојави и минимално е токсична. „Некои луѓе се плашат да одат на лекат бидејќи мислат дека терапијата повеќе ќе ги разболи. Тоа веќе не постои. Поголемиот број луѓе земаат терапија само да го потиснат вирусот до граница на невидливост во резултатите од крвта и добро се чувствуваат.
Само геј мажите и хероинските зависници добиваат ХИВ
Мит кој и ден денес живее – „Сретнувам голем број хетеросексуални мажи кои мислат дека ХИВ не може ним да им се случи, а тоа очигледно не е вистина, вели лекарката Габриејел Ребик. Точно е дека се во поголем ризик луѓето кои практицираат анален секс бидејќи тоа е речиси сигурен начин за пренесување на вирусот ХИВ. Тоа е затоа што ткивото на ректумот е танко и се развиваат микро рани низ кои семената течност полесно продира во крвта. Луѓето кои венски се дрогираат исто така спаѓаат во високоризична група бидејќи делат игли, а само мало количество крв од едно лице е доволно да предизвика инфекција. Сепак, тоа не значи дека сите други се безбедни. Извештајот од 2016 година покажува дека помеѓу заразените за 25 отсто е зхголемен бројот на хетеросексуалви во однос на 2010 година. Од вкупниот број хетеросексуално заразени лица, 34 проценти се мажи.
Лицата кои имаат ХИВ изгледаат болно
ХИВ е една од најтешките болести за поставување дијагноза бидејќи нема симптоми и поради тоа во 80-тите години се сметала за епидемија. Меѓутоа, и понатами постојат луѓе кои сметаат дека ХИВ лицата изгледаат болно и мислат дека константно имаат симптоми на грип и лезии, а во исто време сметаат дека сексот со лице кое изгледа совршено здраво не е ризик. За жал, тоа не е вистина.
„Во раната фаза не постои никаков знак на инфекција. Затоа е важно тестирањето ако сте сексуално активни или имате повеќе партнери во истовреме, а посебно ако сте хероински зависник. Всушност секој би требало да се тестира, предупредува д-р Ребик.
Кондомите и чистите игли се единствен начин на превенција
Тоа е точно, но постои и лекот Тривада. Во прашање е лек кој лицата кои немаат ХИВ превентивно го пијат еднаш дневно за да спречат инфекција. Лекот го бликира ХИВ вирусот да го нападне вашиот имунолошки систем. Воглавно го користат луѓето кои припаѓаат на високоризичните групи. Во САД не е достапен во сите држави, иако е одобрен од страна на ФДА, потребно е време за да биде пошироко прифатен. „Овој лек е безбеден и нема нуспојави, а навистина придонесе за намалување на пренесувањето на вирусот ХИВ, вели д-р Малвестуто, кој предупредува дека таблетата не штити од другите сексуално преносиливо болести и потсетува на важноста на кондомот.
Ако сте биле изложени на вирусот ХИВ не постои повеќе ништо што би можеле да направите
Всушност, постои план Б. Станува збор за стратегијата ПЕП (post-exposure prophylaxis). Во прашање е терапија која мора да се земе во рок од 72 часа, што побрзо тоа подобро додека вирусот не успее да го нападне вашиот имунолошки систем. Се пие 28 денови, а терапијата досега значително успеа да го намали ризикот од инфекцијата.
Вирусот можете да го добиете со какво било размена на течности
ХИВ се пренесува исклучиво по пат на крв или семена течност, а ризикот од пренесување на вирусот преку орален секс е многу мал. Тоа е можно само ако лицето има ранички во устата и семената течност продре во нив. Ризикот е уште помал преку бакнеж, но секако постои. Од друга страна, вирусот ХИВ никако не може да се добие преку прегратки или преку воздух.