За зима без настинки пијте млеко со ѓумбир!

Ѓумбирот е еден од најважните зачини на индиската кујна со ароматичен, освежувачки и над сѐ, пикантен вкус. Ја поттикнува работата на метаболизмот, согорувањето на мастите и го олеснува слабеењето. Тој е одличен за целокупното здравје, особено во студените зимски месеци кога настинките се дел од секојдневието.

Куркума

Овој зачин е многу сличен на ѓумбирот и се нарекува жолт ѓумбир или индиски шафран заради својата жолта боја. Куркуминот кој се содржи во коренот има антисептични и противоспалителни својства, а веќе долго време се користи и во традиционалната кинеска медицина.

Кардамом

Кардамомот е од истата група билки како ѓумбирот, а познат е по своите етерични масла кои имаат антисептично, смирувачко и противоспалително дејство на нашето тело. За да се развие целосното влијание на кардамомот, треба да го купите во свеж облик (во вид на капсули).

Потребни состојки:

  • 200 милилитри вода
  • 1 чајна лажица темна куркума
  • 2 стапчиња цимет
  • 5 мешунки кардамом
  • 30 грама свеж ѓумбир
  • 600 милилитри овесно, бадемово или оризово млеко
  • 2 прстофати свежо мелен бибер
  • 1 лажичка ленено масло
  • 1 чајна лажица мед

Начин на подготовка:

Зовријте ја водата. Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Помешајте ги куркумата, биберот и кардамомот, додајте ги стапчињата цимер и ѓумбирот, па сето тоа ставете го во тенџерето со топлата вода. Варете околу 8 минути на среден оган. Додајте го млекото и лесно загрејте ја смесата, а потоа тргнете го тенџерето од огнот. Додајте го лененото масло и засладете со мед по желба. Измешајте добро. Откако ќе ги извадите стапчињата цимет, млекото можете да го сипете преку сито. Состојките се уште поинтензивни ако ги изматите во блендер. Тогаш вашето млеко ќе има погуста конзистенција и ќе содржи уште повеќе хранливи влакна

ѓумбирмлеконастинкапопуларно