Многу луѓе се жалат околу тоа дека не спијат доволно и изгледа дека имаат право да бидат загрижени. Истражувачите откриле дека луѓето на возраст пониска од 65 години кои спијат 5 или помалку часа во текот на неделата имаат поголем ризик од смрт отколку оние кои спијат барем 7 часа во текот на ноќта.
Сепак, она што е интересно е дека во рамки на истражувањето било утврдено дека оние кои не спиеле доволно во текот на неделата, но успевале да се наспијат добро за време на викендот имале исто така помал ризик од смртнотст.
Торбјорн Акерстедт, автор на студијата на Институтот за истражување на стресот на универзитетот во Стокхолм посочува дека должината на спиењето е многу важна за долг живот.
Ова истражување вклучило 38 000 испитаници кои живееле во Шведска. Тоа траело 13 години. Откако биле земени предвид факторите како пол, телесна маса, пушачки навики, физичка активност, истражувачите утврдиле дека луѓето помлади од 65 години кои спиеле помалку од 5 часа во текот на ноќта имале 65% поголем ризик од смрт. Претпоставката е дека оние кои спијат доволно за време на викендот успеваат да се наспијат и да го надокнадат сонот.