Јаболковиот оцет секогаш се користел како природен лек за болести, но исто така и како сојузник на виткост и убавина. Благодарение на антисептичките својства, тој е и природен антибиотик. Најдобро е да се користи непастеризиран оцет чија pH е помеѓу 5 и 7, пишува Food Matters.
Најчесто се користи така што 2-3 лажици јаболков оцет се додаваат во чаша млака вода и се пие на празен стомак, а ако сакате да ослабнете и да го забрзате метаболизмот што треба да го правите пред секој оброк. Во третманот на инфекции на кожата, темни дамки или акни две лажички јаболков оцет се додава во 120 ml вода и се нанесува на кожата.
Сите бенефиции на јаболков оцет:
-Ја намалува зачестеноста на инфекции на грлото и синусите
-Го намалува холестеролот
-Третман против акни
-Ги штити желудникот и цревата од труење со храна
-Го зголемува имунолошкиот систем и штити од алергии
-Превентивно дејствува при воспалени мускули по вежбање
-Го забрзува метаболизмот
-Помага при варењето на храната
-Ги олеснува симптомите на артритис и гихт
-Спречува формирање на камења во уринарните канали
– Го елиминира лошиот здив.