За шест години 211 татковци во Македонија користеле породилно отсуство!

Вкупно 211 татковци од Македонија за шест години биле на породилно отсуство, пишува порталот „Деца.мк“.

Од 2012 до крајот на 2017 година бројот на татковци што се грижеле за бебињата додека мајките биле на работа се зголемил за 11 пати. Секој со своја, различна причина, лани вакво боледување искористиле 79 татковци.

Предминатата година, според податоците од Фонд за здравствено осигурување (ФЗО), платено отсуство зеле 54, додека една година претходно – 29 татковци. Во 2014 година на боледување биле 14 татковци, во 2013 година – 16, а 19 во 2012 година.

Таткото може да оди на боледувањето наместо мајката само доколку во моментот на породувањето ги исполнувал условите, односно да има шест месеци непрекинат работен стаж. Според правила, таткото може да земе платено боледување само по 45-тиот ден од раѓањето на бебето. Имено, во Законот за работни односи е определено дека работничка што користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на детето.

децапопуларнопроодилнотаткофонд