За мажите на 40+: Ако ви се намали жебата за секс, ВЕДНАШ на доктор!

Машката менопауза, не е шега!

Лекарите велат дека и мажите имаат менопауза, и таа почнува околу 40. година. Првите знаци на машката менопауза, позната како андропауза, се слабеење на мускулите, проблеми со мокрењето, нервоза и депресија, сѐ поретки ерекции и опаѓање на сексуалната желба.

Мажите, исто како и жените во тие години, полека влегуваат во фаза на климактериум и симптомите на таа состојба се и тоа како очигледни и кај нив. Машката верзија на менопауза се препознава со појавата на проблеми со мокрењето, намалена енергија, депресија, нервоза, проблеми со ерекцијата и намалена желба за секс. Докторите велат дека андропаузата најпрво ги погаѓа активните и моќни мажи.

Андропаузата е збир на симптоми кои вклучуваат постепен пад на лачење на тестостеронот. Вистинските симптоми се јавуваат потоа, а повеќето мажи стануваат свесни за промените дури неколку години подоцна, кога веќе и се навикнале на новата состојба. Мажите оваа состојба најчесто ја припишуваат на стареењето, па не одат на лекар, ниту се обидуваат да влијаат на симптомите, што доведува до тоа психичките проблеми да се продлабочат и да станат тешко поправливи.

Кај некои мажи се јавува намалена самодоверба, честа промена на расположението, слично како и кај жените во тој период, чувство на страв, слаба концентрација и заборавеност.

машкаменопаузасекс