За кои болести е добро да јадете капини?

Капината со секој свој дел (корен, лист, цвет и овошје) е лековита и има важна улога во исхраната и превенција на многу болести: анемија, болести на срцето, рак и за зголемување на имунитетот.

Богата е со органско железо, антиоксиданси (витамин Ц и бета-каротин), и фенолни соединенија, кои во голема мера спречуваат појава на атеросклероза и кардиоваскуларни болести. Поради високата содржина на калиум и ниска содржина на натриум, капината е добра за регулирање на хипертензија, а поради ниското ниво на јагленохидратиродни е од корист и за дијабетичари.

Капините се богати со растителни влакна кои помагаат во варењето на храната, но исто го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Капините се одличен избор за регулирање на шеќерот во крвта а прават и чувство на ситост.

анемијаболестижелезокапинисрце