За кого Септември ќе биде динамичен а за кого успешен месец?

Овен
Работа – Среќата на работа нема да ве напушти ниту во септември, бидејќи планетата Јупитер, од полето на вашата работа ви донесува поволни околности, а стимулативната енергија на сонцето и Лавот, ќе ве прави многу активни и креативни. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од август. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера.
Здравје – Одлично здравје, кондиција и енергија.

Бик
Работа – Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Вашата планета на финансии, Меркур, останува во пријателскиот знак Девица, такашто во текот на целиот септември ќе имате доста ангажмани, вешти финансиски трансакции и финансиска стабилност. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање на работниот простор и рекламите.
Здравје – Добра здравствена состојба иако со текот на времето ќе имате помалку енергија.

Близнаци
Работа – Септември ќе биде динамичен месец за сите Близнаци кои поседуваат некаков бизнис, а ќе бара и доста ангажираност и внимателност при извршување на работата. Вклучете го вашето внимание и внимавајте на промените на пазарот, дополнителните законски одредби и монетарната ситуација. Имате поддршка од вашата планета Меркур, такашто се’ зависи од вашето проценување, прилагодување и ангажман. Доколку успеете да ја држите ситуацијата под контрола ќе спречите финансиски загуби.
Здравје – Солидно со малку емоционални потешкотии.

Рак
Работа – Се’ додека сонцето е во знакот на Лав и во втората куќа на вашите финансии, за вас се создаваат оптимални можности за одлична заработка и постигнување на финансиски максимум за оваа година. Со оглед на тоа што парите и комуникациите се во прв план, поголем дел од месецот ќе се занимавате со распределба на парите како и собирање корисни информации за нови опции кои би можеле да го унапредат вашиот бизнис.
Здравје – Чувствителна група се оние Ракови кои имаат хронични тегоби.

Лав
Работа – Пофалби за Лавовите; потрошивте огромна енергија и успеавте да ја докажете способноста за управување и да се изборите со авторитетот во вашата бранша. Одлично ви оди поволниот распоред на планетарни енергии кои ви олеснуваат да го заокружите циклусот со успех и да го зајакнете влијанието. Особено е поволна ситуацијата кај Лавовите кои се занимаваат со креативни, научни и управувачко организациска работа. Невработените Лавови може да добијат работна позиција во последната седмица од август.
Здравје – Одлична состојба, а вишокот на енергија можете да го потрошите во некој спорт.

Девица
Работа – Септември за Девиците кои работат ќе биде многу подобар и помалку стресен месец, во споредба со случувањата и непријатностите во претходниот месец. Успеавте во меѓувреме да ги консолидирате вашите сили, да ги зајакнете и прецизно да ги испланирате понатамошните потези, кои ќе ви обезбедат успешна работа. Планетарната сила за вас е на источна страна, а од први август, вашата планета Меркур влегува во вашиот знак и максимално ве поддржува.
Здравје – Што се однесува до здравјето, внимавајте на покачувањето на тежината.

Вага
Работа – Влегувате во период кога ќе настанат позитивни промени и ќе мора да се одлучите за нови чекори во работата. Брзото движење на вашата лична планета Венера, ви овозможува да го проширите вашиот бизнис, контактите и познанствата. Ќе добиете поддршка од вашите надредени. Од 22 август ќе се повлечете од јавноста за подобро да ја разгледате ситуацијата, да донесете заклучок и да направите планови и стратегии за идните чекори и напредување на вашиот бизнис.
Здравје – Внимавајте на хроничните тегоби.

Шкорпија
Работа – Позитивните космички сили и во текот на септември продолжуваат да го поддржуваат успехот на работа и просперитетот на Шкорпиите кои се сопственици на фирми односно агенции и мали и големи компании. Успехот најмногу ќе се гледа низ вашето второ поле кое ќе биде дополнително енергично со влегувањето во него на 2 август. Ваквата планетарна поставка ќе ви донесе развивање на бизнисот и одличен финансиски успех.
Здравје – Внимавајте на исхраната и намалете го внесувањето на алкохол.

Стрелец
Работа – Стрелците во септември ги очекува доста динамичен месец полн со обврски и активности. Со поддршка на сонцето и компатибилниот знак во Лав и планетата Марс, имате сила да го издржите забрзаното темпо без поголеми последици. Позитивната планетарна енергија околу вашата кариера покажува дека е време да ги зграпчите сите можности и да го подигнете бизнисот на завидно ниво.
Здравје – Полни сте со оптимизам, енергија и акции.

Јарец
Работа – Јарците кои работат во приватни компании ќе успеат да одржат рамно ниво, но со доста борба околу наплатата. Вашата планета на финансии Уран оди ретроградно и долго време нема да го промени правецот, што значи дека во овој период треба да поработите на реконструирање на финансискиот план и пронаоѓање на начин за сигурна заработка. На почетокот на септември ќе добиете корисен контакт за бизнис патување.
Здравје – Помали проблеми со дишните патишта

динамикапопуларносептемвриуспеххороскоп