За еден ден издадени над 96 илјади упати преку „Мој термин“

Крах на „Мој термин“

Техничките проблеми кои вчера ги имаше електронскиот систем „Мој термин“ се отстранети. Надлежните се пофалија со промените и новитетите кои ги воведоа пред неколку дена, но ветија и дека ќе проверат дали се злоупотребува итното упатување на пациентите, објави „Телма“.

Над 96. 000 упати се издадени вчера преку системот „Мој термин“ и 4.500 итни и упати без термин, а лекарите препишале 86.000 рецепти. Најмногу упати имало кон ГОБ „8. Септември“ и општите болници во градовите, а од Радиологија реагирале дека многу пациентки биле упатени на ехо на дојка со итен упат. Ова го соопштија денеска надлежните од Мој термин, а по многубројните поплаки од лекарите и пациентите кои и денеска сѐ уште ги имаат дел од нив со упатувањето на специјалист, на снимање или во лабораторија.

Лекарите ни кажа дека обично најмногу се чека за офталмолошките прегледи и оние за ехо.

здравствомојтермин