За две недели пет случаи на морбили во Сарај и Арачиново

По Грчец морбили вчера биле пријавени и во Арачиново. За две недели во скопскиот Центар за јавно здравје регистрирани се 5 случаи на заразени со мали сипаници. 4 се деца и една е жена, и нивната здравствена состојба е стабилна. Никој не бил вакциниран. Епидемиолозите веднаш презеле мерки за контрола на заразното заболување.
-Вонредно се вакцинирани сите контакти со заболените и проверен е вакциналчниот статус, изјави прим. д-р Биљана Даниловска, раководител на одделението за епидемиологија во ЦЈЗ Скопје.
Според епидемиолозите намалениот колективен имунитет поради невакцинирање на децата е причината за ширење на малите сипаници кои можат да предизвикаат сериозни здравствени компликации па дури и смрт. Во Скопје имунизацијата со оваа вакцина е под 60 проценти.
-Ова се должи на антицакциналните кампањи, и апелирам родителите да си ги вакцинираат децата за да ги заштита, додаде д-р Даниловска.

Инаку цела година епидемија на морбили има во повеќе земји во регионот, а во соседна Србија починаа дваесетина лица.

вакциниепидемиолозизаболениморбилицјз скопје