За два месеци втора трансплантација од починат донор – Двајца пациенти се спасија од дијализа!

Лекари од клиниките за анестезија, реанимација и интензивна нега – КАРИЛ, урологија, нефрологија и Институтот за трансфузиологија, уште еднаш изведоа успешна трансплатација на бубрези од починат донор. Пациентите кои ги добија бубрезите се чувствуваат добро и сѐ уште се наоѓаат на одделението за интензивна нега на КАРИЛ, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил.

По пауза од речиси три години, како што посочи, ова е втора трансплантација на бубрези од починат донор и тоа во рок од два месеца, што е голем успех за тимот лекари кои работат на вакви зафати.

Филипче на пациентите им ги честита Бадник и Божиќ и им посакува што побрзо да закрепнат за да бидат со своето семејство

бубрезидонорпочинатфилипче