Работата на тироидната жлезда може да се подобри со консумирање на лекарства, но и со примена на балансирана исхрана. Исхраната која позитивно делува на оваа жлезда воглавном се состио од растенија и белковини.
Свежо овошје и зеленчук
Првиот симптом на хипотиреоза е дебелеењето. Нискокалорична храна и храна со висока нутриционистичка вредност како што се овошјето и зеленчукот се основата на секоја диета која гарантира слабеење. Доколку е возможно, се препорачува свежо овошје и зеленчук да биде дел од секој оброк. Продуктите како боровница, благ компир, пиперка и вишни, се особено богати со антиоксиданти, кои дополнително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Интегрални житарки
За да се справите со проблемот со спорото варење, кои исто така се симптоми на хипотиреоза, потребно е да консумирате овесни снегулки, интегрален леб, тестенини или ориз. Нивниот состав содржи елементи кои влијаат позитивно на работата на дигетивниот тракт. Истите тие го спречуваат нормалното апсорбирање на синтетичките хормони кои се содржани во лековите, па се препорачуа да се консумираат неколку часа пред или по земањето на лековите.
Грав
Гравот е богат извор на енергија. Заморот и исцрпеноста кои се јавуваат како последица од хипертиреоза можете да ги победите доколку консумирате доволно храна која дава енергија. Гравот содржи белковини, антиоскиданти, сложени јагле-хидрати и мноштво витамини и минерали.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови како оревот, лешникот, индискиот орев, бадем и сл. се богати со минералот Селен, кој и помага во работата на штитната жлезда. Тие можат да се консумираат помешани со салата или јогурт, но важно е да не се претерува бидејќи истите можат да создадат проблеми со желудникот.
Риба
Омега 3 масните киселини ги прават мрсните риби како лососот, туна и сардела одлични за ручек или вечера. Покрај тоа масните киселини помагаат во зајакнување на имунитетот, против воспаленија и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Рибите генерално се богат извор на селен кој претходно го споменавме.
Алги
Алгите имаат голема концентрација на јод, клучниот елемент за функционирање на штитната жлезда. Богати се со калциум и витамините А, В, С, Е и К. Алгите може да се консумираат така што ќе ги ставите во салата или супа. Важно е да се консултирате со вашиот лекар пред да го зголемите внесувањето на јод во вашиот организам.