Јачменот содржи многу растителни влакна кои придонесуваат во регулирање на лошиот холестерол во крвта и ги решаваат кардиоваскуларните проблеми.
Јачменовата вода содржи многу поволни работи за организмот, а една од најважните е таа што учествува во превенција за атеросклероза, а доколку сакате да ослабнете, јачменовата вода има способност подолго време да ве држи сити.
Исто така овој напиток е идеален за забрзување и регулирање на метаболизмот, а како одлична се покажала и кај лицата кои патат од дијабетес, со оглед на тоа што јачменот влијае на гојазноста, а со самото тоа влијае превентивно и на дијабетес тип 2.
Благодарение на една состојка, азелаик, јачменот го штити нашето лице од акни и ги намалува воспаленијата, а кожата ја одржува здрава и блескава. Поради бројните антиоксиданти кои спречуваат слободните радикали да ги оштетат нашите клетки, јачменот ја штити кожата и од стареење и истото го забавува.
Можете да направите и маска за лице која ќе ја чувате 10 минути на лицето, а потоа ќе се измиете.
Важно е да знаете дека поради диуретските својства не треба да пиете повеќе од шест чаши јачменова вода.
Овој напиток се подготвува многу лесно и едноставно, потребно е само да го измиете јачменот, да го потопите во вода додека семките не набабрат, тоа е најмалку четири часа. Потоа процедете ја течноста и помешајте го јачменот со 750 милилитри вода. Ставете го да се вари околу 45 минути сè додека зрната не омекнат.
Процедете ја течноста и оставете да се излади, па пијте две до три чаши дневно, а по желба може да додадете мед или лимон за да го подобрите вкусот.