Водата од чешмата на Стража не е безбедна за пиење

Водата од јавната чешма на Стража и од повеќе селски водоводи во кичевскиот регион не се безбедни за пиење. Анализите во надлежниот Центар за јавно здравје покажале дека се бактериолошки неисправни. Поради ова од регионалниот Центар за управување за кризи информираат дека водата од овие места е забранета за пиење и за подготовка на храна.

-Бактериолошки неисправни се селските водоводи во Долна Грешница, Горна Грешница, Колибари, водата во училиштето во село Зајас, крајпатната чешма кај радзелната градба во село Другово и крајпатната чешма на превојот Стража- истакна Сузана Тасеска, раководител на Регионалниот центар за управување со кризи Кичево.

Забраната за пиење вода од посочените крајпатни чешми и селски водоводи ќе трае се додека новите испитувања не покажат дека бактериолошки е исправна. Водата од градкиот водовод е безбедна за пиење и приготвување храна.

анализиводарцук кичевостражачешма