Во цело Скопје воздухот е загаден – Најалармантно во Лисиче

Најзагаден воздух во изминатото деноноќие е регистриран во Лисиче со измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во 18 часот и 452 микрограми во 19 часот. Од 20 до два часот по полноќ во Лисиче концентрациите се движеле над 100 и околу 100 микрограми. Од утрово таму се забележани повисоки концентрации и се измерени 94, потоа 84 и 82 микрограми на метар кубен.

На мерната станица кај Ректоратот воздухот бил загаден во целиот период освен мрењето во 12 часот вчера на пладне кога се регистрирани 28,9 микрограми. Од 14 часот вчера па се до пет часот утрово концентрациите на ПМ10 честичките се над 100 микрограми. Утрово се движат од 92 до 82 микрограми.

воздухдишењезагадувањелисиче