Од денеска во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид ќе почнат со нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови (стенози).
– Методата се вика ротаблација за која се користи посебна апартура за таа намена и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои се воведуваат преку водилна коронарна жица и вршат еден вид на вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад , а потоа и поставување на стентови, информираат од Заводот за кардиологија.
Се работи за скапа процедура која се применува само во помал број на центри, а во Македонија се изведува само на Клиниката за кардиологија во Скопје. Стапката на утлизација на методата, како што се наведува, е околу 5 до 7 проценти од сите запушувања на срцевите артерии.
Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе четврта година се изведува и интраваскуларен ултразвук со кој може да се евалуира резултатот од стентирањето на ваквите комплексни запушувања.