Во млеко во прав на „Лактaлис“ откриена салмонела – Повлечени од продажба 12 милиони пакувања

Повеќе од 12 милиони пакувања бебешко млеко во прав се повлечени од 83 земји во скандалот со салмонела на француската компанија „Lactalis“.

Во интервју за францускиот неделник „Журнал ди Диманш“, Емануел Бесние, директорот на француската компанија за производство на млеко „Лактaлис“ рече дека компанијата ќе им плати отштета на семејствата кои купиле заразено млеко.

-Веќе се организиравме и ќе исплаќаме финансиски средства за секое семејство на кое му било нанесена штета во оваа ситуација“, рече директорот.

Млекото во прав од овој француски производител ширум светот се продава под брендовите Milumel, Picot и Celi.

-Од продажба повлековме 12 милиони кутии млеко во прав, но нема да застанеме тука. Имено, дистрибутерите веќе не треба да ги рангираат производите и на тој начин да ги бараат контроверзните кутии. Едноставно дозволивме да отстранат се од своите полици“, рече Бесние.

Тој, исто така, разговарал со министерот за финансии, Бруно Ле Мер, кој потврди дека „Лактaлис“ ќе мора да ги повлече сите млечни производи направени во фабриката во Крано во северозападна Франција.

Светските медиуми јавија дека салмонелата кај бебињата може да предизвика тешки дигестивни нарушувања, стомачни грчеви, повраќање и дехидратација. Во Франција досега се регистрирани 35 вакви случаи, а Шпанија само еден.

лакталисмлекосалмонелафранцијахрана