Во лето јадете портокалово, жолто и црвено овошје и зеленчук

Шаренилото на овошје и зеленчук во чиниите нуди многу хранливи материи кои го штитат организмот од дејството на слободните радикали, го намалуваат воспалението и помагаат за намалување на штетниот холестерол. Исхраната во летниот период треба да изобилува со вредни хранливи состојки кои ќе го штитат организмот од штетното зрачење, па така помагаат во превенција на рак на кожата, предвремено стареење и појава на брчки.

Портокаловото, жолтото и црвеното овошје и зеленчук содржат билни пигменти кој ја поттикнуваат пигментацијата, а воедно поседуваат и антиоксидантни својства. Затоа, во текот во летото уживајте во вишните, црешите, праските, дињата, лубеницата, морковите… Знаеме дека треба да се избегнува пржената, чадената и зачинетата храна, преку целата година, но особено во лето, применувајте ги овие совети.

бојажолтаканцерогенолетоовошјепопуларно