Во која држава најмногу се пие алкохол?

Литванците се народ којшто консумира најмногу алкохол во светот – 18,2 литра чист алкохол од лице, годишно. Со тоа тие ги надминуваат Белорусите, Молдавците, па дури и Русите, според извештаи на Светската здравствена организација (СЗО).

За споредба, Французите пијат по 11,7 литри чист алкохол годишно, Германците – 11,4 литри, а Британците – 12,3 литри.

Како причини за високото ниво на консумација на алкохол се наведуваат лошата психичка состојба и проблематичните меѓучовечки односи. Според СЗО, во 2014. 16,7 проценти од литванските мажи пиеле алкохол прекумерно или веќе биле зависни. Најпретпочитан пијалак е пивото, а потоа водката.

Според психологот Висвалдас Легкаускас од универзитетот Витаутас Велики во градот Каунас, основна причина за честото прекумерно пиење алкохол се апатијата и песимизмот.

– Ние не живееме лошо, но ја имаме онаа карактерна одлика и се обидуваме да ги удавиме своите проблеми во алкохол, или се самоубиваме, вели психологот.

За 15 години населението на Литванија е намалено за 600.000, на 2,9 милиони жители, главно поради иселувањето од земјата.

Во Литванија просечната нето плата е 700 евра, и е една од најниските во ЕУ. А, нивото на сиромаштија пак, е едно од неспоредливо највисоките.

алкохолистражувањесзо