Внимавајте: Средствата за чистење можат да предизвикаат сериозни болести!

Хемикалиите кои се користат во домаќинството многумина ги поврзуваат како поттикнувачи на многу болести вклучувајќи ја дебелината, ракот и неплодноста. Затоа мора да бидат подложни на построги контроли пред да влезат на пазарот. За ова предупредуваат европски стручњаци. Тие тврдат дека зголемувањето на бројот на пациенти со болести поврзани со хормоните е преголемо за да бидат поврзани само со начинот на живот или генетиката. Декларацијата за годинешниот извештај на Светската здравствена организација е потпишана од 89 еминентни експерти, кои веруваат дека законите за опасни хемикалии се премногу меки. Податоците кои ги наведуваат вклучуваат драматично зголемување на ракот на дојка во Јужна и Источна Европа, голем пораст на рак на простата во речиси сите европски земји и масивна епидемија на дијабетес и преголема дебелина во светски рамки . за тоа ги обвинуваат хемикалиите кои ја нарушуваат рамнотежата на хормоните во телото, главно фталати и бисфенол А, која се наоѓа во речиси сите материјали за пакување, вклучувајќи конзерви и очила за сонце.

– Постојната регулатива и дозволените дози на штетни хемиски соединенија, не се погодни, бидејќи постојат евтини и ефикасни тестови со кои може да се провери безбедноста на таквите материјали, се наведува во извештајот.

Експертите тврдат дека опасноста по здравјето од изложеност на овие токсични соединенија во некои случаи е трајна додека во повеќето може да се спречи со исфрлањето на опасните соединенија од домаќинствата.

болестидомакинстволуѓенаучницисредства за чистењехемикалии