Внимавајте со депилацијата: Се шират заразни херпеси!

Депилацијата на интимните делови може да предизвика ширење на вируси, предупредуваат француските лекари, додавајќи дека во изминатите 10 години е забележан пораст на случаи заразени со вирусни херпеси.

 

Овие вируси се  бели, сјајни како бисери и имаат средишно јадро и врв. Обично се јавуваат на лицето и рацете, но можат да се распространат насекаде по кожата со чешање или преку сексуален контакт.

Француските лекари истакнуваат дека поради овие вируси се повеќе луѓе бараат помош од дерматолози.

– Поради мода, но и хигиена, многумина се одлучуваат да ги средат своите интимни делови на телото, посебно младите жени, и овој тренд е се попопуларен, нагласуваат научниците, притоа предупредувајќи дека за време на депилација сепак треба добро да се внимава бидејќи инфекциите се почести. Тие нагласуваат дека треба многу да се внимава и веднаш да се направи дезинфекција.

вирусидепилацијадерматолозиженихерпеси