Гледањето на телевизија, односно гледањето на серии епизода по епизода, може да биде погубно по вашето здравје, па научниците сугерираат дека е време да си пронајдете ново хоби.
Згрутчувањето на крвта кое често се создава во вените на ногата, поврзано е со долготрајни часови поминати во седење. Со текот на времето тоа може да влијае и на циркулацијата во белите дробови, па овој проблем може да биде и смртно опасен.
Во истражување во Универзитет во Минесота, учествувале голем број на луѓе во период од 24 години, а станува збор за прво истражување кое го поврзува долготрајното гледање на телевизија и појавата на венска тромбоемболија.
Научникот кој го водел ова истражување, објаснува дека штетното влијание од долготрајното гледање во екран останува непроменето дури и ако лицето многу се движи.
„Резултатите укажуваат на тоа дека лицата кои имаат редовна телесна активност не би требало да ги игнорираат потенцијалните штетни дејства кои може да се создадат од предолгото седење“, вели авторот на ова истражување.
Избегнувањето на долготрајно седење, зголемувањето на телесна активност и контролирањето на телесната тежина се важни фактори во превенција при создавање на згрутчување на крвта.