Звукот на алармот ви го прекинува сонот и моментално го зголемува крвниот притисок и го забрзува чукањето на срцето. Ова го докажаа истражувања уште пред 15-тина години.
Меѓутоа, сега научниците докажаа дека уште поголема опасност се крие во „погодностите“ на модерните аларми: опцијата snooze.
Имајќи предвид дека е доволно опасно тоа што сте го вознемириле срцето со „насилно будење“, одложувањето на алармот значи дека „нападот“ го продолжувате уште неколку пати во интервали од неколку минути (зависно од тоа на колкаво растојание ви се наместени snooze паузите).
Научниците докажаа дека неколку одложувања на будењето наутро, помножено со бројот на работни денови, може сериозно да ја наруши работата на срцето и на нервниот систем, за кратко време.
За жал, ретко кој може да го одбегне користењето на аларми, но она што можете да го направите е да воведете здрави навики на спиење: да ги отспиете потребните 6 часа ноќен сон, да легнувате на време и да го научите телото само да се „буди“ со тоа што ќе стекнете навика на будење во исто време.
Исто така, сведете го одложувањето на алармот за будење на минимум или на нула.
извор:кајгана.мк