Внимавајте: Не го полнете мобилниот ноќе, може да предизвика пожар!

Марек Кругер 53-годишен човек загина во пожар во куќата предизвикан од прегрејување на мобилниот телефон, кој бил вклучен на полнач во текот на ноќта.

Несреќниот човек две години пред смртта бил врзан за кревет, зошто целата лева страна од телото му била одземена. Истрагата покажала дека умрел од вдишување на чад во својот дом во Рединг во Англија, во август минатата година.

Кругер често имал обичај да го држи телефонот покрај себе, зошто меѓу другото, имал обичај да купува. Токсиколошкиот извештај не откри траги од алкохол во неговиот организам, но пронајде морфиум, кој го добивал кога трпел неподносливи болки.

Патологот утврди дека на Марек Кругер му изгореле 64 отсто од телото, а по лицето и горниот дел од градите имал изгоренеци од прв степен.

Експертите заклучиле дека „батеријата се прегреала и предизвикала пожар, зошто уредот му бил на прекривката и топлината не можела да циркулира“.

експертимобиленноќепожарполнење