Внимавајте на плажа, лекови, креми и шминка можат да доведат до алергија од сонце!

И кремовите за акни, антимикотиците како и лековите за сонце и кантарионот може да предизвикаат кожни реакции. На плажа би требало да заборавите на шминката и парфемите, бидејќи може да предизвикаат алергија.

Прво консултирајте се со лекар
Пред да одите на плажа мора да имате на ум дека поедини лекови, меѓу кои се и некои антибиотици, како и аналгетици за кои не ни треба препорака и рецепт од лекарот, потоа одредени билни препарати, или некои производи за телото, како што се пилинзите, можат да предизвикаат претерана чувствителност на сончевите зраци.
На пример, доколку користите поедини антибиоци, контрацептивни таблети или сте на терапија со кортикостероиди, а сте испланирале летување, задолжително консултирајте се со својот лекар. За жал, од овие лекови можете да добиете алергија или грди дамки по кожата од кои подоцна нема да можете да се ослободите.

Реакција на сонце може да предизвикаат и антихистаминиците (лекови против алергија) и сличните производи кои содржат diphenhydramin, потоа кремовите за акни на база на бензоил пероксид, антимикотиците (против габични инфекции), лековите за хемотерапија, диуретиците, па и некои антипсихотици или лекови за срцето. Покрај веќе наведените, на листата на лекови на кои треба да внимате кога се сончате, се и поедини нестероидни антиревматици, сулфонамиди и тетрациклински антибиотици,орални контрацептиви, одредени орални антидијабетици,

Ако користите некои од спомнатите лекови или препарати, секако посоветувајте се со лекарот за тоа дали треба да го избегнувате сончањето, односно ако се сончате да не претерувате.

Кантарионовото масло не се користи на плажа
Слична работа е и со користењето на одредени билни препрати. Особено внимателни треба да бидете со кантарионот, односно со кантарионовото масло кое е фотосензитивно, бидејќи и тоа може да предизвика фото-сензитивни реакции на кожата. Иако маслото од оваа билка е одличен лек против изгореници, никако не смее да се користи пред и во текот на сончањето – ниту во еден облик, без разлика дали е во прашање чај за намалување на желудочните тегоби, вагиналети за регулирање на вагиналната флора или масло кое се мачка на поедини делови на кожата, бидејќи може да предизвика алергиски реакции. Кантарионовото и маслиновото масло, како и маслото на невенот, не треба да се нанесуваат на кожата пред или во текот на сончањео, но можете да ги користите и одлично ќе дејствуваат за нега на кожата по сончањето.
Маслиновото и маслото од невен одлично ја негуваат кожата по сончањето и можете да ги користите во домашните препарати за сончање, но немојте да ги користите како единствена заштита во текот на сончањето од УВ-зраците, бидејќи имаат мошне низок заштитен фактор.

Репеленти
Иако на повеќето кремови за сончање стои дека може да се користат до три години по отворањето, големите горештини го менуваат нивниот состав и можат да го поништат ефектот. Дејствувањето на кремовите за сончање може да го поништат спрејот за заштита од комараци или репелентите во стикот На плажа не би требало да ги користите ниту кремовите кои инаку ги користите за нега на лицето, како ни лосионите за телото, бидејќи ќе го разблажат кремот.

Парфеми и дезодоранси
Кога сте на плажа треба да заборавите на шминката и парфемите, бидејќи може да предизвикаат алергија, почнувајќи од непријатното чешање па до кафеавите дамки на кожата. Во лето избегнувајте ги и геловите за туширање, лосионите и кремовите за нега на телото со додадок на цитрусните масла. Парфемите, дезодоранските, пилинзите и другите козметички препарати во комбинација со сончевите зраци исто така може да предизвикаат бурна реакција на кожата, како уртикарија, осип во облик на меурчиња, плускавци, лупење на кожата и силно чешање.

лековимаслоплажапопуларносонце