Внимавајте, конзервираната туна содржи 100 пати повеќе цинк од безбедната доза!

Конзервираната туна содржи 100 пати повеќе цинк од она што е безбедно и може да ги уништи цревата во човечкиот организам, покажува ново истражување.

Овој минерал се користи во конзервите поради своите антибактериски својства, а не за храната да има подолг рок на траење.

Ново истражување покажа дека цинкот од конзервата влегува во храната, а потоа се задржува во дигестивниот тракт кај луѓето и предизвикува проблеми со варењето.

Овие огромни количини на цинк прават цревата да „пропуштаат“, па отровите лесно влегуваат во крвниот систем.

„Зголемувањето на интестиналната пропустливост не е добра, бидејќи тоа значи дека отровите кои не би требало да поминат низ крвотокот, можат да поминат. Оваа здравствена состојба е карактеризирана како „синдром на пропуштање на цревата“, кој медицински не е препознат, но предизвикува пореметувања како што е мултипла склероза. Причина за тоа е оштетувањето на имуниот систем поради материи кои се апсорбираат во крвта низ цревата“, изјави авторот на ова истражување Гретхен Малер од универзитетот Бингамтон.

Зголеменото внесување на цинк предизвикува напади, температури, повраќање и губење на свест.

Научниците анализирале конзерви од пченка, туна и пилешко.

Утврдено е дека најголеми количини на цинк содржат конзервите со туна.

Цинкот најмногу го има во средина на конзервата и во течноста и тоа 100 пати повеќе од она што е безбедно за организмот. На второто место се конзервите со пилешко.

Забележано е и дека големите количини на цинк во организмот предизвикуваат пад на железото и глукозата за три четвртини.

Долгорочното консумирање на големи количини на цинк може да има сериозни последици по здравјето на човекот.

Истражувањето е објавено во журналот „Food and function“.

безбедностпопуларнопредупредувањетунацинк