Внимавајте: Хроничната ненаспаност го уништува имунитетот!

Хроничната исцрпеност влијае на работата на имуниот систем и тоа не на начин што може да ве претвори во човек со супермоќ и кој никогаш не се разболува, покажува неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот во Вашингтон

Имено, истражувачите земале примерок од крв од 11 пара идентични близнаци кои ги откриле нивните навики за спиење. Две недели испитаниците носеле направа како бразлетна на раката која го мерела траењето на нивниот сон. На крајот од истражувањето, била направена споредба помеѓу примероците од крв на близнаците.

Резултатите покажале дека кај близнакот кој спиел помалку имало знаци на намален имунитет.

Со други зборови, хроничниот недостаток на сон ја прекинува работата на имуниот систем.

„Нашето истражување ја докажува врската меѓу недостатокот на сон и негативните метаболични, кардиоваскуларни и воспалителни последици“, заклучиле истражувачите.

Нивното откритие е поддржано и од едно претходно истражување кое го докажало значењето на сонот за регулацијата на работата на имуниот систем. Наводно, недостатокот на сонот ја попречува неговата работа. Според едно европско истражување од 2012 година, сериозниот недостаток на сон ја поттикнува истата реакција на имуниот систем што ја поттикнува и физичкиот стрес, особено во однос на белите крвна зрнца. Освен тоа, едно друго истражување открило дека недостатокот на сон го ослабува ефектот на вакцините. Со текот на времето, недоволното спиење може да доведе до сериозни здравствени последици.

Недостатокот на сон навистина може да ве направи подложни на многу болести. За среќа, решението е многу едноставно: Спијте повеќе! И покрај тоа што лесно може да се заборави на спиењето во периодите кога сте презафатени, станува збор за неопходен дел од грижата за сопственото здравје. Нареден пат кога ќе паднете во искушение да изгледате 50 епизоди одеднаш од вашата омилена серија, сетете се на ова истражување, исклучете го лаптопот и наспијте се убаво.

имунитетпопуларносон