Недостатокот на витамин D, а не прекумерната тежина, е најверојатната причина за развој на дијабетес. Ова е резултатот од истражувањето на шпански медицински тим, цитиран од сајтот на британскиот “Дејли експрес”.
Според експертите за превенција од опасниот втор вид дијабетес се важни најмногу почитувањето на здрава исхрана и движењето на отворено. Студијата би можело да доведе до третман што ќе може да го забави развојот на болеста. Според научниците постои врска помеѓу нивото на витамин D и способноста на организмот да се справи со гликозата.
Витамин D помага за контрола на калциумот во телото и одржување на мускулите и коските здрави, го регулира имунолошкиот систем и може да помогне во спречувањето на болести како егзема и астма. Тој се произведува најмногу при изложување на сончева светлина, но мали количини од него има и во рибинотомасло и јајца.