50-Годишен пациент од Индија од операционата сала излегол со две срца.
Иако овој Индиец требало да добие ново срце со стандардна трансплантација, докторите во текот на операцијата сфатиле дека срцето на донаторот тинејџер е сепак премногу мало.
Токму поради тоа, хирургот кој ја вршел операцијата се одлучил за „План Б“, пренесува Independent.
Овој хирург одлучил здравото срце да го поврзе со старото срце на пациентот.
Оваа несекојдневна операција траела седум часа. Новиот орган на крај бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце.
„Двете срца се „надополнуваат“ едно со друго, но чукаат во различен ритам“, вели хирургот кој ја вршел операцијата.
„Ваква интервенција се врши еднаш во животот, многу е ретка и до сега се забележани само 150 вакви процедури“, додава тој.
Еден ваков случај бил забележан и во Велика Британија.
Двегодишно дете, кое тогаш добило второ срце, живеело повеќе од десет години, за потоа да биде извадено донираното срце во 2006 година, а органот на пациентот почнал да работи со полна сила.