Наместо 5 ако 2 дена по ред загадувањето на возздухот е 4 пати над дозволеното ќе стапат на сила ургентни мерки кои ги донесе Владата. Спуштен е прагот на алармирање за висока аерозагаденост. Мерките се донесени денеска, а ќе важат ако загаденоста е висока и викендот. Тогаш мерките предвидуваат – бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните од астма и прележан инфаркт ќе бидат ослободени од работа. Градскиот превоз ќе биде бесплатен, а ќе се зголеми и бројот на автобуси.
Покрај сетот мерки, дополнително надлежните планираат набавка на заштитни маски кои бесплатно ќе ги делат во училиштата и градинките.
Овие мерки следуваат по алармантната состојба со загадувањето во земјава, пред се во главниот град и по жестоките реакции од граѓаните и еколошките здруженија.