Вкусно овошје што го намалува високиот крвен притисок

Ја подобрува ендотелната функција на артериит

Наречен „тивок убиец“, бидејќи нема видливи симптоми, високиот крвен притисок предизвикува оптоварување на крадиоваскуларниот систем што подолгорочно може да придонесе за развој на болести на срцето и бубрезите, но и до мозочен удар.

Високиот крвен притисок е заболување што мачи сè поголем број луѓе и многу е важно навреме да реагирате.

Високиот притисок предизвикува притисок на крадиоваскуларниот систем што подолгорочно може да придонесе за развој на болести на срцето и бубрезите, но и мозочен удар.

Луѓето со висок притисок би требало да се хранат здраво, да вежбаат и да ги остават цигарите.

Спроведени се бројни истражувања и научниците откриле дека кардиоваскуларното здравје може да се подобри со консумирање брокули, спанаќ и риба, а особено боровинки.

Ана Родригез-Матеос од Кралскиот колеџ во Лондон со колегите направила истражување кое вклучувало околу 40 луѓе со добро здравје, кои биле поделени во две групи.

Првата група дневно добивала напивка што содржела 200 грама боровинки, а другата била контролна.

Научниците откриле дека боровинките дејствуваат по два часа, односно ја подобрува ендотелната функција на артериите.

Ендотел е еден вид мембрана во срцето и крвните садови. Се состои од клетки што ја помагаат контролата на ширење и стеснување артерии и има клучна улога во згрутчувањето на крвта.

Боровинките се богати со бројни полифеноли, меѓу кои се и антиоксидантите, на кои заедно со сините пигменти им се припишува овој поволен ефект на васкуларниот систем, во смисла на подобрување на ендотелната функција, по само две недели консумирање.

Откако еден месец пиеле напивка со 200 грама боровинки, на испитаниците им се намалил притисокот за пет милиметри во просек.

боровинкикрвенпритисок