Витамин што помага да бидете paaт од комapци

Природна заштита од угризи од комарци

Природна заштита од угризи од комарци нуди витаминот B1, познат како тијамин. B1, може да го промени приронио мирис на вашето тело и да ве направи понепримамливи за комарците.

Него го има во квасец, грав, дроб, кељ, јајца…

Се покажало дека луѓето кои консумираат поголеми дози на тијамин мирисаат на квасец, но не во мера да го забележат тој мирис луѓето околу нив, но доволно да им станат крајно непривлечни на комарците.

Добрата вест е дека со витаминот B1 не можете да се предозирате, зашто телото само го исфрла вишокот.

Дополнителен одличен трик: Чини 0 денари, а комарците ќе бегаат од вашиот дом!

Ако редовно пиете црно кафе, не го фрлајте талогот. Кога ќе го запалите, комарците ќе избегаат од вашиот дом. Исто така, може да користите и малсо од лаванда или рузмарин бидејќи и тоа помага.

Постојат масла чијшто мирис не им се допаѓа на комарците, а такви се маслата од еукалиптус, лимон, цитрон, лаванда, рузмарин, кедар, папрака, каранфилче, цимет и ломонска трева.

Запомнете, етеричните масла никогаш не ги нанесувате директно на кожата, туку ставете мала количина на некоја подлога на местото каде што престојувате. Или пак можете да ставите неколку капки во дифузер, а миризбата ќе го исполни просторот и ќе ги истера комарците.

Ако сакате да ја заштитите кожата, користете разредено етерично масло. На пример, може да ставите неколку капки во маслиново масло, добро да го промешате и да нанесете на кожата. Секако, бидете претпазливи и консултирајте се со експерт пред да нанесете било што на вашата кожа бидејќи можно е да сте алергични.

Ќе ви помогне и талог од црно кафе

Се што треба да направите е да го исушите талогот, да го ставите во мала метална чинија или парче алуминиумска фолија и надвор да ја запалите. Мирисот ќе ги растера и оддалечи комарците од вашиот дом. Овој начин на истерување на комарци е препорачан од страна на Агенцијата за заштита на животната средина на САД како одлична алтернатива за скапите препарати.

Погледнете како да го направите тоа:

б1витаминикомарци