Статистиката покажува дека пониските мажи се далеку поверни и подоверливи партнери, заработуваат повеќе и вкупно гледано, претставуваат „подобар материјал“ за сопруг. Иако момчињата со нешто помал раст се на некој начин стигматизирани во општеството, тие се всушност вистинскиот избор, бидејќи на современата дама и е потребен маж кој има поинакви квалитети од чиста физичка сила.
Резултатите од најновата студија, со која се анализирани демографските податоци за 5.000 семејства во текот на три генерации, утврдено е дека пониските мажи поретко се разведуваат, речиси никогаш не ја изневеруваат партнерката, имаат солидни приходи и подготвени се да помогнат во домот.