Штетниот вирус кој може да предизвика оштетување на мозокот кај бебињата би можел да се користи за лечење на ракот на мозокот кај возразни, тврдат американски научници.
Вирусот зика досега се сметаше за глобална здравствена закана, а не лек. Последното истражување покажува дека вирусот може селективно да зарази и убие канцерогени ќелии кои тешко може да бидат убиени кај возрасните.
Инјекциите со вирусот зика биле давани кај возрасни глувци кои имале агресивни тумори и мозочните ќелии останале недопрени. Сега се чека на тестирање кај луѓето, но научниците веруваат дека зика вирусот може да се вбризга во мозок во исто време кога се работи операција на отстранување на тумор кој може да убие.
Овој метод е тестиран кај клетки на човекот во лабораторија и бил успешен. Постојат различни видови рак на мозок. Радиотерпаија, хемотерапија и операции не се доволни за да остранат различни видови рак на мозок.
Но, последното истраживање на живи глувци и донирано човечко ткиво на мозок покажало дека терапијата со вирусот зика може да ги убие клетките на рак кои се отпорни на сите досегашни третмани и лекови.
Важно е, исто така, дека овој метод е безопасен за остатокот на мозокот на возрасниот човек.