Викендот вонредно вакцинирани 100 лица против морбили!

Центарот за јавно здравје-Скопје информира дека нема пријавени нови случаи на заболени од морбили и оти се во добра здравствена состојба петте лица кај кои беше регистрирано ова заболување и во петокот е прогласена ограничена епидемија во областа Кванташка депонија во општина Гази Баба.

За време на викендот се вакцинирани околу сто лица, кои биле во непосредба близина со заболените и кои не се вакцинирани или немаат потврда за вакцинација на територијата на општината каде е прогласена епидемија.

Екипи од Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје заедно вршат дополнителна проверка на вакциналните картони и ги повикуваат невакцинирани или непотполно вакцинирани деца. Воедно, наложено е на сите здравствени домови во државата, приоритет да им биде вакцинација, односно ревакцинација во училиштата против морбили, рубеола и паротит.

– Екипите за имунизација, доколку има потреба, на територијата на поедини подрачја ќе вршат и теренска вакцинација, со цел изнаоѓање непријавени и воопшто невакцинирани деца на територијата на град Скопје, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје.

вакцинигази бабаепидемијаморбилисипаницицјз скопје