ВИДЕО: Во испитување на плунка кај скопјани нема разлика меѓу пушачите и непушачите<

Прв пат по 30 години

„Прв пат се случува после 30-годишно работно искуство, случајно во лабораторијата каде што испитуваме интоксикација на лица, да добиеме 90 отсто од студентите дека се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. За мене е ова алармантно“, објаснува Бети Дејанова – професорка на Медицинскиот факултет во Скопје, на вонредната седница на општина Центар, на која таа присуствува во улога на советник од партијата ДОМ. Седницата беше свикана од една единствена причина, со една единствена точка на дневен ред – загадувањето.

Сите примероци од плунка се од студенти кои живеат во Скопје, објаснува Дејанова, додавајќи дека резултатите биле неверојатни, во негативна смисла: „Не ми се верува – како да работат во индустрија со олово“.

Експериментот се прави наназад со децении, објаснува докторката, а една од причините е за да им се покаже на студентите дека постои разлика во излачените роданиди кај пушачите и непушачите. Роданид е ензим што човечкиот организам го лачи за да ги претвори токсичните супстанци во нетоксични, кои на крај завршуваат на обработка во црниот дроб. При методот на тестирање што се користи на Медицинскиот факултет, кој за волја на вистината е застарен, интоксикацијата на организмот се мери со интензитет на боја. По додавањето на соодветните супстанци во плунката, се следи дали таа ќе добие црвеникава боја. Ако добие, тоа укажува дека во плунката се присутни роданиди, кои пак се последица од присутниот цијанид кој на разни начини навлегува во организмот.

 

видеопушачископје