ВИДЕО: Внимателно со овошјето!

Може да се предозирате со шеќер

Јадењето овошје во секој случај е поздраво од јадењето кондиторски производи со преработени шеќери. Но, дали јадењето премногу овошје може да биде штетно и нездраво?

Дефинитивно може, одговара доктор Карстен Лекутат од Германија.

Овошјето содржи фруктоза, затоа е толку вкусно и слатко.

„На крајот на краиштата, фруктозата сепак е шеќер и со себе ги носи сите проблеми што може да се јават од преголема количина шеќер“, вели тој.

Едно јаболко дневно е здраво, а три може да резултираат со замастување на црниот дроб.

Кога црниот дроб ќе се замасти, повеќето луѓе претпоставуваат дека тоа се случува поради алкохол. Всушност, вели доктор Лекутат, во 20 до 30% од случаите тоа нема врска со алкохол, туку е последица на премногу фруктоза.

Докторот сепак потсетува дека внесувањето две до три порции овошје е здраво и препорачливо. Треба само да не се претерува.

Исто така треба да се има предвид дека сите овошја не содржат ист процент на шеќери.

Бананите, јаболката, сливите имаат повеќе шеќери од портокал или шумско овошје.

Препораката е да се јадат пет порции овошје и зеленчук дневно, при што приоритет треба да се даде на свежиот зеленчук.

видеоовошјешеќер