Видео: Шест чекори за правилно миење на рацете

Светската здравствена организација препорачува нова техника на миење раце која се состои од шест чекори.

Првиот чекор е да ги навлажните рацете и на нив да нанесете, па ги триете дланките една од друга.. Вториот чекор е да продолжтите да ги триете дланките, но така што прстите ви лизгаат еден покрај друг. Третиот чекор е со десната дланка ја триете левата надлактица така што прстите ќе ви се испреплетуваат и обратно.

Четвртиот чекор е да ги фатите прстите од едната рака со прстите од другата и да го триете задниот дел од прстите. Петиот чекор е триење на палците, а последниот, ротациско триење на врвовите на прстите на раката.

Потоа измијте ги рацете и исушете ги со хартиена крпа. Славината стегнете ја со хартиен пешкир.

Благодарајќи на примената на овој метод индексот на застапеност на бактерии опаднал од 3,28 на 2,58. Со техниката за миење раце кои сите ја користиме, индексот на застапеност на бактерии опаѓа од 3,08 на 2,88, пишува „Дејли Мејл“.

видеомиењепопуларнорацечекори