Овој начин на детоксикација е идеален после празници и слави
Маја Волк (60) е доктор на науки, сценарист, фадо музичар и многу друго, но најмногу ја
знаеме како некој кој се излекувал од рак хранејќи се со здрава храна.
Нејзините совети за здрава исхрана ја промениле свеста на многу луѓе, но ги има и оние
кои не сакаат да се хранат на овој начин оправдувајќи се со високата цена на ваквата
исхрана.
По тој повод Маја објавила видео во кое наведува дека купила продукти за една недела кои
ја чинеле 2.000 динари (околу 20 евра). Таа пресметала дека за храна на месечно ниво
троши околу 100. евра.
„За некои тоа е многу, но кога ќе погледнеме реално: паризер, ефтино пилешко и останати
индустриски преработки не чинат ништо помалку. Вака барем се храните здраво и нема од
храната да добиете никаква болест“, наведува Маја.
Во таа пригода таа посделила и рецепт за сок за чистење на телото после слави, празници
и други периоди од годината кога се опуштаме.
Сок од грејпфрут и џумбир
Потребно е:
2 грејпфрути (бел или црвен)
корен џумбир
Подготовка: се’ измиксајте или исцедете и разблажете со малку вода. Ќе добиете половина
литар сок. Овој сок пијте го наместо појадок.
Маја гарантира дека нема да почувствувате глад, а дека дневно ќе слабеете и до половина
килограм. Меѓутоа, таа вели дека без вежбање и физичка активност нема да имате такви
резултати.
„Сите диети и гладување нема да ви помогнат ако не се бавите со спорт или некоја физичка
активност“, заклучува Маја.