Деветгодишната Кејт Ренфро пати од многу ретко пореметување кое нема ниту официјално име.
Лекарите се обидуваат да откријат за што станува збор, но засега уште не успеваат да ја идентификуваат нејзината состојба и дури и размислуваат ова пореметување да го наречат по неа. Мајката на девојчето вели дека чека дијагноза уште од раѓањето на нејзината ќерка. Веднаш и била дијагностицирана мегаленцефалија, абнормален раст на мозокот.
“Лекарите уште се обидуваат да откријат што е со Кејт. Во шестиот месец од бременоста ми беше кажано какви проблеми ќе има моето дете, но ни ден-денес не знаеме за што станува збор и зошто Кејт има такво лице. Беше на неколку операции и тргнато и е само масовното ткиво”, вели мама Енџи.
Кејт досега имала мал милион прегледи, анализи, но и натаму останува мистерија од што боледува ова 9-годишно девојче од Флорида. Имала операција на мозокот, отстранети и биле две цисти и мандула и вградена корекција на образот, ушите и јазикот. Оди во основно училиште за деца со пречки во развојот, но способна е за работа на компјутер без помош од своите родители.