ВИДЕО: Канабис наместо аспирин против рак, воспаленија и болка?

Здравствените придобивки од канабис

THC и CBD се најпознатите соединенија што ги произведува канабисот и докажано делуваат противвоспалително во организмот. Сепак тоа не се единствените соединенија што имаат вакви својства, а најверојатно не се ни најделотворните.

THC и CBD спаѓаат во канабиноиди, но истражувањата покажаа дека флавоноидите, што исто така ги лачи оваа билка, имаат поефикасни противвоспалителни својства и се одличен антиоксиданс. Покрај тоа, флавоноидите помагаат во борба против ракот, а и како средство против болка.

Она што сепак е маана е фактот дека билката канабис произведува флавоноиди во далеку помала количина отколку што лачи THC и CBD. Сепак, научниците се надеваат дека со новите технологии ќе успеат да ги извлечат овие состојки од билката канабис и во соработка со фармацевтската индустрија ќе го направат најефикасниот лек против болка на билна основа.

Иако повеќето билки произведуваат флавоноиди, оние од канабисот (канфлавоноид А и канфлавоноид В) на тестирањата се покажале 30 пати поделотворни од аспиринот.

Важно е да се истакне и дека овие соединенија немаат штетни последици за органите, во споредба со лековите за болка моментално достапни на пазарот и исто така делуваат директно на изворот на воспаление.

болкавоспалувањеканабисрак