Не е лесно да ги оставите цигарите без оглед на свеста за тоа колку се штетни и за пушачите и за околината.
Во намера да ги поттикне луѓето да се решат од таа лоша и опасна навика, Крис Нотап со помош на едноставни реквизити симулирал како пушењето влијае на белите дробови и направил видео кое би можело да ве поттикне да кажете: „Доста!“.
Во својот експеримент покажал што му прави една кутија цигари на белите дробови.
Топчињата памук се бели (а ги симболизираат белите дробови), по само една кутија цигари попримаат друга боја која е последица на чадот и опасните хемикалии од цигарите кои се таложат во белите дробови.
Погледнете: