Видео: Девојче живеело неколку години со мајмуни – Сега не знае да зборува и оди на четири нозе!

 

Индиската полиција пронајде 8-годишно девојче, кое со години живеело и било пораснато од мајмуни.

Девојчето е пронајдено во џунгла близу границата со Непал. Било речиси голо, прегладнето и со помали повреди на телото. Кога било пронајдено, давало отпор, а три мајмуни се обидувале да го одбранат.

Индиските власти не знаат ништо за него – кое е, од каде е и колку време минало во целосна дивина. Тоа е сместено во болница во Утер Прадеш. Не знае да зборува, вреска како животно, оди на четири нозе, одбива храна од чинија и јаде од земја, што според лекарите, упатува на тоа дека девојчето минало подолго време меѓу мајмуни.

Лекарите претпоставуваат дека тоа се хранело со храната на група мајмуни, кои го прифатиле како член на своето семејство.

видеодевојчелекаримајмунипопуларноџунгла